Генијалците од одделот за истражување на Cadbury создале нешто неверојатно – тие создале чоколадо кое не се топи.
Според апликацијата за патентот нивното чоколадо кое „толерира топлина“ останува цврсто дури и по три часа поминати во инкубатор со температура од 40 степени. Во тој момент чоколадото сè уште било цврсто кога било притиснато со прст. Логичниот страв е дека чоколадото нема да се стопи во уста, што би било ризик за дигестивниот систем, но очигледно со малку повеќе притисок чоколадото попушта.
Како работи? Истражувачите од Cadbury откриле начин за разградување на честичките на шеќер на уште помали честички со што се намалува количината на масти кои ги обложуваат, со што чоколадото станува отпорно на топлина. Едно е сигурно, чоколадните флеки наскоро ќе станат минато.