Оваа пролет брендот Burberry претставува цветна и женствена колекција аксесоари во пастелни нијанси која е идеален избор за првите пролетни денови.Романтичното расположение владее во новата Burberry колекција, светлите бои и прекрасно стилизираните кондури и чанти.
Од тренди свилените марами и цветните сандали чии што потпетици се украсени со животински принт, до мали чанти што се совршени за секоја прилика, колекцијата е навистина модерна и практична. За мажите кои сакаат да изгледаат тренди и елегантно брендот Burberry носи кожни куфери и очила за сонце.
Нијансите на јоргован, суптилните бои на лаванда и жолтата, создаваат ненадминлива пролетна комбинација кога се во прашање пролетните аксесоари. Уживајте!