Бундеслига: Пораз од Борусија (Д) во Берлин, кикс на Баер


Фудбалерите на Борусија Дортмунд се поразени во натпреварот од 6. коло од германската лига во Берлин кај Унион со 1:2, додека Баер во Леверкузен ремизираше со Кил 2:2.

Шампионот Баер Леверкузен постигна два гола во првите осум минути, но го прокоцка водството и моаше да се задоволи со ремито 2:2 против гостинскиот Холштајн Кил. Виктор Бонифас погоди по четири минути, а Јонас Хофман беше стрелец за 2:0. Но новиот прволигаш Кил не се предаде, прво намали преку Макс Гешвил, а потоа израмни благодарение на пеналот на Фиете Арп во 69. минута.

Леверкузен е петти на табелата со 11 бодови, додека Кил веќе не е последен.

Четири дена по убедливата победа од 7:1 во Лигата на шампионите против Селтик Глазгов, Борусија Дортмунд доживеа пораз во германската Бундеслига. Дортмунд загуби со 1:2 на гостувањето кај Унион Берлин во саботата и по шест кола има само десет бода. Унион поведе благодарение на пеналот на Кевин Фогт (26), а Јорбе Вертесен непосредно пред полувремето зголеми на 2:0. По паузата „црно-жолтите“ подобро се снајдоа, но не можеа да постигнат повеќе од голот на Џулијан Рајерсон во 62 минута.

Волфсбург победи со 3:1 во Бохум, додека Вердер Бремен загуби со 0:1 на домашен терен од Фрајбург.

- Реклама -