Бугарското МНР: Властите во Скопје да ги заштитат нивните граѓани со бугарска самосвест

Властите во Скопје да преземат мерки за ставање крај на говорот на омраза и за заштита на нивните граѓани со бугарска самосвест, повика бугарското Министерство за надворешни работи на официјалната Фејсбук страна.

„Министерството за надворешни работи внимателно ги следи постојаните објави на социјалните мрежи со списоци на бугарски граѓани во Република Северна Македонија, со повици за земање на нештата во свои раце и справување со нив. Очекуваме властите во Скопје да преземат мерки за ставање крај на говорот на омраза и заштита на нивните граѓани со бугарска самосвест“, се вели во објавата.

Од бугарското МНР денеска информираа и за донацијата од бугарската амбасада во Скопје и Генералниот конзулат на Бугарија во Битола, од вкупно 325 новогодишни пакетчиња за најмладите, а во рамки на на проектот „Бугарски божиќни празници“.

Амбасадарот Ангел Ангелов обезбеди 185 пакетчиња со слатки и училишни реквизити за децата од Скопје и Охрид, наменети за штитениците од Центарот за деца со нарушувања на аутистичниот спектар во Охрид, СОС Детското село во Скопје и Сојузот на слепи лица. Генералниот конзул Димитар Иванов, пак, подари 140 пакетчиња со играчки и слатки на децата од општините Могила, Новаци и Битола.

- Реклама -