Бугарското МНР не е информирано за француската иницијатива што ја спомена Груби

Бугарското Министерство за надворешни работи вели дека не се информирани за „француската иницијатива“ што првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ја спомена денеска, информира бугарската агенција БГНЕС.

„Во дипломатските кругови нема таков предлог, соопшти Брисел“, пишува БГНЕС.

Претходно, Груби изјави дека постои француска иницијатива за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија и оти се поднесени одговорите кон сите прашања што ги има испратено Бугарија. Тој додаде дека чекаат новите бугарски власти, претседателот Радев и новата Влада, да му пристапат на дијалогот околу овие прашања на конструктивен начин, со цел да се постигне зделка што ќе ја отвори вратата на Северна Македонија кон Европската Унија.

Прочитајте и:  Мицкоски: Немам намера да прифатам катастрофални грешки од минатото, прифатлива алтернатива за уставните измени е одложеното дејство

МИА

- Реклама -