Бугарија се задолжи за да купи Поршиња

police_car_2Министерството за здравство на Бугарија деновиве искористи заем од
Светската банка за да купи 32 „Порше Кајен“ автомобили, кои на државата
ќе и служат како амбулантни возила.

porsche-cayenne-turbo
 
 

Министерството за здравство на Бугарија деновиве искористи заем од Светската банка за да купи 32 „Порше Кајен“ автомобили, кои на државата ќе и служат како амбулантни возила.

Министерот за здравство Радослав Гајдарски изјави дека автомобилите ќе се користат во оддалечените области, недостапни за нормалните возила.

Критичарите велат дека секое од овие возила чини околу 117.000 евра, иако тоа не е случај со министерството кое тврди дека Порше доставил најниска понуда на тендерот.

Граѓаните се бесни од веста и ваквиот начин на трошење. Реалноста е дека бугарскиот здравствен сектор има долг од неколку милиони евра, а болниците и клиниките често имаат недостиг од основни средства и услуги. 

 

porsche-cayenne-tint1

 

Сепак, може ли да го замислите возењето до болница во Porsche Cayenne? Мераци!
 
- Реклама -