Бугарија предложила план за дејствување за соработка со Република Северна Македонија во исполнувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, соопшти бугарското МНР, откако шефицата на бугарската дипломатија денес се сретна со специјалниот претставник Владо Бучковски, кој е во посета на Бугарија.
Како што велат од министерството, за време на средбата биле разменети идеи за продолжување на процесот на воспоставување на довербата меѓу двете држави, пренесува БГНЕС.
Од бугарското МНР велат дека се очекува акцискиот план, кој ги опфаќа сите ресорни министерства, да биде потпишан на следната седница на Мешовитата меѓувладина комисија, според член 12 од Договорот.
На средбата бил направен и преглед на исполнувањето на низа практични ангажмани по кои Бугарија констатира забавување, се вели во соопштението.