По наредба на бугарскиот премиер Стефан Јанев, преку механизмот за взаемна помош, Бугарија ќе ѝ испрати помош на Македонија за гаснење на пожарите, посебно кај Кочани и Делчево, и тоа: 25 пожарникари, 3 противпожарни возила и уште 2 амбулантни возила, објави бугарската агенција БГНЕС.
Како што наведува БГНЕС, Јанев уште вчера, во телефонскиот разговор со премиерот Зоран Заев, истакнал дека Бугарија е подготвена да ни помогне со неопходната поддршка за гаснење на пожарите.