Бугарија не учествувала во изготвувањето на нон-пејперот за Северна Македонија

Софија, 14 септември 2021 (МИА) – Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека властите во земјата на никаков начин не учествувале во подготвувањето на нон-пејперот за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје.

Дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на соопштението од бугарското Министерство за надворешни работи, информираш дека оттаму истакнале дека не се официјално известени за таков документ, ниту пак дека учествувале во неговата подготовка и поради тоа не можат да ја коментираат неговата автентичност и содржина.

- Реклама -