Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон го одигра нaјверојатно последниот натпревар во Лигата на Шампионите.
Она што е еден од најбизарните моменти во целава работа е што лани во изјава во март, Буфон предвиде дека неговиот последен меч може да заврши како оној на Зинедин Зидан – со црвен картон. Добар исход имаше само за судијата, кој ете, во случајов помина без да добие удар со глава, како што доби Марко Матераци тогаш.
Изјавата на Буфон:
„Како го замислувам последниот меч во кариерата? Можеби ќе заминам од фудбалот како Зидан, така што ќе удрам некого. Но, пред да размислувам како ќе ја завршам кариерата, потребно е да се пласираме во Русија. Можеби таму ќе биде мојот последен меч во кариерата. Имам уште време да размислам за сé“, истакна тогаш Буфон.
А побизарно од ова? Фактот што токму Зидан стоеше крај аут линијата и го предводи тимот против кој Буфон го доби судениот црвен картон.