Легендарниот чувар на мрежата и капитен на Азурите, Џанлуиџи Буфон, ќе го пропушти првиот меч на Мундијалот за репрезентацијата на Италија. Тој нема да може да му помогне на својот тим заради повредата на скочниот зглоб со која се здоби на последниот тренинг.
Мрежата на Италија преоѓа во рацете на Салваторе Сирига, кој во моментов брани за ПСЖ.
Како и да е, Буфон е далеку од немоќен, барем според објавата на неговиот Твитер профил:
„Постојат многу начини да се биде важен за тимот, дури и кога не сте стартер. Затоа, напред Салваторе!“, напиша Буфон, посакувајќи им среќа на своите репрезентативни колеги.