Видео игрите често се критикуваат, најчесто од луѓе кои никогаш не ги играле, заради тоа што го охрабруваат агресивносто однесување и предизвикуваат насилство. Затоа е многу интересно да се види дека некој кој може да се нарече „експерт“ во совладувањето на негативните емоции, ги препорачува видео игрите како начин за контролирање на агресивните тенденции.

24 годишниот Trinley Dorje е повеќе од будистички свештеник, тој е Кармапа Лама, што го прави единствениот Будистички спиритуален водич кој се признава како таков во Кина, Индија и Тибет. Значи, во таа смисла тој е важна фаца и знае за што зборува кога се работи за принципите на Будистичкиот начин на живот. Тој исто така е пасиониран гејмер и верува дека тоа не се коси со неговиот, будистички, систем на верувања.
„Ги гледам видео игрите како емоционална терапија…“ објаснува Dorje, „Ние сите имаме емоции без разлика дали го практикуваме Будизмот или не, сите имаме чувства, чувства на среќа, чувства на тага, чувства на незадоволство и сите ние мора да најдеме начин да се справиме со нив кога тие ќе се појават.“
„Така, за мене понекогаш може да биде олеснување, начин за опуштање едноставно да седнам и да играм видео игри. Доколку ми се појават некакви некакви негативни мисли или негативни чувства, видео игрите се еден од начините преку кој можам да ја ослободам таа енергија во контекстот на илузијата на играта. Потоа се чувствувам подобро.“
„Агресивноста која се ослободува во видео играта ја заситува секоја желба за искажување на тоа чувство. За мене, тоа е многу целисходно, бидејќи после тоа не мора да одам и да удрам некого по главата.“
Освежување е да се види ваков отворен став кон видео игрите, особено од еден спиритуален водич. Тој, исто така, (претпоставувам дека гејмерите ќе се согласат) е во право. Нема ништо подобро од пукање со виртуелни куршуми во замислените ликови од вистинскиот живот кои ве нервираат. [‘Video war games satiate my feelings of aggression’]