Будистички монах ѝ платил на малолетна проститутка со лажни пари

monk

Полицијата во јапонскиот град Нагоја востанови дека во март годинава, 28-годишниот Хироаки Камбе, по средбата во еден од хотелите во Гифу, на малолетната проститука ѝ платил со лажни 10.000 јена (околу 95 долари). Полицијата смета дека Камбе, сега фатен и уапсен, ги направил парите во будистичкиот храм Огаки.

17-годишната проститутка сфатила дека парите се лажни дури кога се обидела да купува во аптека.

Во меѓувреме полицијата најде уште три лажни банкноти кај Камбе, исто така од по 10.000 јени. Очигледно монахов сметал дека плаќањето проститутки за секс не му доликува на еден будист.

- Реклама -