Брз начин за гледање на карти

Доволно е да земете еден шпил карти и да ги издвоите картите што ги гледате на сликата.

Потоа измешајте ги и свртете ги лицата кон подлогата. Извлечете една карта и прочитајте што би значел вашиот избор.

Дама срце – Во личниот живот  се појавуваат проблеми поврзани со зачувувањето на мирните односи во средината. Ова ќе ви донесе сериозен стрес. Некој ве злоупотребувал да направите избор кој што вие не сте сакале да направите.

Поп срце – Нечии спротивни ставови ќе ве натераат да се воздржувате од секакви дејствија. Приспособете ги плановите, така што ќе можете што поскоро да дофатите некоја од своите најскришни желби. Немате причина за загриженост во работата, а на љубовниот фронт засега се е мирно.

Џандар срце – Другите велат за вас дека сте ги престигнале границите на своите можности, но одбиваат да ги видат новите хоризонти, кои се отвораат пред вас. Сепак, најважно е вие да ги гледате! Уште еднаш ви претстои избор. Да останете онаму каде што сте, или со мал ризик да добиете многу повеќе. Ќе успеете. Внимавајте само да го изберете вистинскиот пат.

Поп баклава – Дали имате нереални надежи? Ако го користите вашиот здрав разум ќе пронајдете средство да се ослободите од голем товар. Советот ни е да престанете да се потпирате на нечија поддршка и да се справите сами со најголемите проблеми.

Џандар баклава – Имате избор меѓу длабокото емоционално задоволство и краткиот профит. Оние кои имаат претензии кон вас или ви даваат совети, сигурно заслужуваат доверба. Се уште не сте решиле еден проблем кој ви пречи, но нема да биде така уште долго.

Дама баклава – Тестирајте ја неодлучноста. Не учествувајте во туѓи конфликти и концентрирајте се на сопствениот мир. Зададете си свои цели. Верувајте повеќе во себе.

- Реклама -