Ако мислите дека денешните екстремни спортови се опасни (со сета заштитна опрема која се употребува),
тогаш треба да видите какви спортски игри практикувале античките народи. За (не)среќа овие антички спортови или комплетно исчезнале или останале само траги од нивното постоење, па истите се претвориле во некои помалку брутални игри. Но, впечатокот сепак останува – преживување на човечката раса до денес може да се израмни со чудо!
Ако мислите дека денешните екстремни спортови се опасни (со сета заштитна опрема која се употребува), тогаш треба да видите какви спортски игри практикувале античките народи. За (не)среќа овие антички спортови или комплетно исчезнале или останале само траги од нивното постоење, па истите се претвориле во некои помалку брутални игри. Но, впечатокот сепак останува – преживување на човечката раса до денес може да се израмни со чудо!
Пиц (Јужна Америка)
Пред фудбалот да завладее со Јужна Америка, Маите измислиле една игра која се вика пиц. Играта е слична на одбојка, само што се употребува топка од чиста гума со тежина од преку 4 килограми. Играат два тима, а целта им е со одбивање на топката со глава, рамена, нозе, да се подаваат. Секој удар во ѕидот му носи поен на тимот за кој играте, а ако топката ја допре земјата 2 пати, губите поен. Постоел и своевиден „супершут“, со кој се добивала инстант победа. Ако некој успеел да ја протне топката низ вертикално поставениот обрач на огромна висина, тогаш неговиот тим бил прогласуван за победник.
Бруталноста на оваа игра (покрај тежината на топката што би ви го распукала черепот доколку доволно брзо се движи) е фактот што кога победничкиот тим одел да слави со публиката, поразените оделе во храмот на обезглавување. Добра мотивација, нели?
Влечење кожи (Викинзите)
Веројатно сте играле една од последните примитивни игри кои останале во својата изворна форма до денес – влечење јаже. Викинзите исто така ја обожувале оваа игра, само што наместо трева, кал или вода, во средината помеѓу натпреварувачите имало огромен оган, а наместо јаже, влечеле кожи од животни.
По поход на некој град или село, на површина испливувал натпреварувачкиот дух на Викинзите. Се делеле во 2 табора, застанувале на обете страни и влечеле. Победничката екипа го добивала пленот, правата за силување на жените, а губитниците добивале горење до смрт.
Венацио (Рим)
Венацио или „ловот“ е гладијаторска игра која имала најмал процент на шанси за преживување на ловецот (околу 2%). Римјаните, лути на Ханибал и неговиот неверојатен подвиг со слоновите, измислиле игра во која тимот од гладијатори во арената се соочува со „чудовиштето од Картагина“ или едноставно кажано – 20 разбеснети слонови.
Гладијаторите масовно умирале во овој спорт, но истиот се практикувал толку долго (поради гневот кон Картагинците) што Римјаните успеале да го истребат северноафриканскиот слон.
Панкратион (Грција)
Панкратион била боречка вештина во античка Грција. Борците влегувале во ринг, а потоа немало правила, немало рунди и немало ограничувања. Целта во играта била да го истепате противникот до смрт, но не и да го убиете. Наспроти популарната игра Мортал комбат, ако го убиете противникот, автоматски го губите мечот. Затоа, најдобрата варијанта била да го претепате до тој степен што нема да може да се одлепи од земја, но да се осигурите дека дише. Хумано или не?