Брусницата заштитува од болести

Брусницата е вкусно овошје со потекло од Америка, но и намирница која што е многу корисна за здравјето. Содржи голем број на корисни материи коишто го штитат организмот од разни болести и затоа често е во фокусот на научните истражувања.

Брусницата е со потекло од северноамериканскиот континент, но сега се одгледува во сите подрачја со умерено континентална клима. Растението кое што дава плод со горчливо-кисел вкус расте како зелена грмушка со висина до 25 см, се сади во пролет, додека плодот го дава два пати годишно.

Плодовите се богати со многу минерали, витамин А, витамин Ц и калиум. Некои хранливи состојки на брусницата остануваат и во слаткото од брусница, сокот од брусница и сите други производи коишто се прават од ова растение, но најмногу корисни материи можат да се внесат ако се конзумира во свежа состојба или евентуално сушена без додатоци на шеќер и конзерванси.

Стручњаците преку бројните испитувања утврдиле дека брусницата е многу корисна при лечењето на уринарните инфекции. Исто така, познато е и нејзиното делотворно дејство при лечењето на простата.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Проантоцијанидните соединенија со коишто брусницата е особено богата делуваат со уништување на бактеријата ешерихија коли, со тоа што оневозможуваат закачување на површинскиот слој на матката и мочниот меур.

На сличен начин, материите од брусницата делуваат во намалувањето на бројот на бактерии во усната празнина, а со тоа се намалуваат и наслагите од плак на забите. Врз основа на резултатите од повеќе испитувања изведени во лабораториски услови, стручњаците тврдат дека проантоцијанидните соединенија имаат заштитна улога кога се во прашање сериозните заболувања како што е ракот.

Благодарение на способноста да ја блокира оксидацијата на некои липопротеини, брусницата го чува и заштитува срцето. Бидејќи процесот на оксидација на липопротеините е ризик фактор за срцев удар, неговото блокирање со конзумирање на брусницата може да се смета како превентивна мерка против болестите на срцето.

Исто така, брусницата е добар сојузник во превенцијата на создавање на камен во бубрег поради големата содржина на корисни кисели материи со кои што таа изобилува.

Објавено во соработка со За Здрајве.

- Реклама -