Акционата легенда Брус Вилис очигледно се подготвува за долга легална битка за да гарантира дека може да им ја остави својата масивна колекција на iTunes на своите деца кога ќе умре.
The Daily Mail известува дека Вилис е загрижен бидејќи по неговата смрт неговата целосна музичка колекција се враќа во сопственост на Apple ownership. Затоа, тој подготвува неколку значајни чекори за да може да ја остави својата колекција на своите ќерки.
Засега тој се фокусира на основање “family trust” кој ќе служи како легален носител за музиката. Весникот додава дека тој е подготвен и за судска битка со Apple за ова прашање. Адвокатот Крис Валтон објаснил: „Многу луѓе се изненадени кога ќе дознаат дека сите оние песни и книги кои ги купиле преку iTunes не им припаѓаат нив.“
„Природно дека би сакале да ја оставите вашата колекција на вашите сакани. Законот ќе се адаптира но идеално би било ако Apple и сличните компании ги адаптираат своите правила и работат на најдоброто решение за нивните муштерии.“ [Bruce Willis fights to leave his iPod tunes to his family: Actor considering legal action against Apple in battle over who owns songs downloaded from iTunes]