Бруно Марс на турнеја за промоција на новиот албум

Бруно Марс тргнува на турнеја за да го промовира својот нов албум „Unorthodox Jukebox“. Поп-рок ѕвездата Марс почнува со турнејата која е наречена „Moonshine Jungle World Tour“ на 22 јуни во Вашингтон.

Во вторникот, Марс гостувал во шоуто на Елен за да ја најави претстојната турнеја, како и градовите во Америка кои ќе бидат вклучени.

Картите ќе бидат пуштени во продажба на 1ви март, како за американскиот така и за европскиот дел од турнејата.

[youtube]m59LgGC4IIQ[/youtube]

Во Европа ќе може да се ужива на концертите на Марс во Холандија, Германија, Англија, Белгија, Швајцарија, Австрија, Италија, Данска, Норвешка, Шведска, Чешка, Шпанија и Унгарија.

- Реклама -