ОН: Бројот на цивили загинати во Украина е над 3.000

Њујорк, 2 мај 2022 (МИА) – Канцеларијата на ОН за човекови права (ОХCР) денеска соопшти дека бројот на цивили убиени во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари надмина 3.000.

Од петокот, бројот на загинати се зголеми за 254 на вкупно 3153. ОХЦХР наведе дека вистинската бројка е веројатно значително поголема, нагласувајќи дека е тешко да се добијат податоци и да се потврдат.

Повеќето од жртвите се убиени со експлозивно оружје со голем дострел – во ракетни напади и воздушни напади, соопшти канцеларијата на ОН, без да се препише одговорност.

Прочитајте и:  Борел: Трамп на чело на САД не е крај на светот, туку почеток на нов, поинаков
- Реклама -