Бројни поплаки за официјалната топка за Светското првенство

ЈабуланиОфицијалната топка за Светското првенство во Јужна Африка ја изработи Адидас и истата се вика Јабулани, што на иси-зулу јазикот значи „да се слави“. Играчите кои ќе играат со неа не се подготвени за славје. Некои од нив изјавија дека е толку лоша, што може да се спореди со топките што се продаваат во супермаркетите…

Официјалната топка за Светското првенство во Јужна Африка ја изработи Адидас и истата се вика Јабулани, што на иси-зулу јазикот значи „да се слави“. Играчите кои ќе играат со неа не се подготвени за славје. Некои од нив изјавија дека е толку лоша, што може да се спореди со топките што се продаваат во супермаркетите…

ЈабуланиВо минатото, секоја нова фудбалска топка за светските првенства беше дочекувана на нож речиси ексклузивно од голманите. Овојпат, никој не ги штеди „пофалните“ зборови за најновата креација на Адидас, именувана како Јабулани.

Напаѓачот на Бразил, Луиш Фабијано изјавил: „Многу е чудна. Одеднаш ви го менува правецот. Како да не сака да биде шутната. Неверојатна е, како некој да ја наведува. Сакате да ја шутнете, а таа ви се иставува од патот. Мислам дека е натприродна, многу е лоша. Се надевам дека бргу ќе се прилагодам на неа, ама ќе биде тешко“.

Прочитајте и:  Гвардиола лут поради премногу натпревари: Ова е како НБА!

Жулио Цезар, голманот на Бразил беше првиот што ја спореди со пластичните топки за деца што се купуваат во супермаркет, а со него се согласува и напаѓачот на Италија, Џампаоло Пацини, кој уште додал дека топката е „катастрофа“.

Жулио Баптиста, играчот на Бразил од средниот ред, изјавил: „Не постои начин да се сокрие. Лоша е за голманите, лоша е и за нас. Се обидувате да ја нафрлите, а таа оди во спротивната насока“. Голманот на шпанската репрезентација, исто така го искажа гневот за Јабулани по пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија кој Шпанците едвај го добија со 3:2. Според него, жално било што толку големо натпреварување зависи од ваква топка.

Адидас и натаму нема официјален коментар за поплаките, но затоа исфрлија промотивните материјали со играчите со кои имаат спонзорски договори: Кака, Михаел Балак, Петер Чех и Френк Лампард. Нормално, сите ја пофалуваат топката, а Балак дури ја нарече и „фантастична“.

Шпанскиот одбранбен играч, Алваро Арбелоа, кој исто така носи Адидас, прашан за коментар за новата топка, едноставно изјави: „Тркалезна е, како и секогаш“.

Првенството започнува на 11 јуни, а натпреварите ќе ни покажат дали поплаките се основани или не.

- Реклама -