Бројката на заpaзени се искачува на 31, нови четворица се здравствени работници од Дебар

По претпладневните 3 нови случаи на коронавирус во земјава, попладнево се тестирани уште 10 пациенти, од кои 5 се позитивни на вирусот, соопштија од Министерството за здравство.

Една од нив е сопругата на денеска потврдениот пациент од Скопје, кој имал гости од Србија.

Останатите четворица се здравствени работници од Дебар. Се работи за двајца доктори и две медицински сестри.

Со денешните (до моментов) осум нови случаи, Македонија бележи, за жал, рекорд од најголем број на нови потврдени случаи во еден ден. Со овие 8, вкупниот број се искачува на 31 заpaзени.

- Реклама -