Брнс: Граѓаните да се свесни за pизиците од најавената ревизија на Преспанскиот договор од страна на ВМРО-ДПМНЕ

На многу позитивен сигнал за Северна Македонија веќе во следните недели и месеци, можеби веќе и во март, а наскоро и покана за ЕУ преговори, се надева амбасадорката на САД во земјава – Кејт Мери Брнс. Во интервју на „Сител“, таа посочи дека процесот на ратификација за членство во НАТО е при крај, но и дека по paзочарувањето (и нивно) од недобивањето датум во октомври, сега САД се охрабрени, бидејќи во изминатите недели имало повеќе позитивни изјави од лидерите на ЕУ и од престолнините на ЕУ за значаењето на Северна Македонија и перспективите за нејзина интеграција и почеток на преговорите со ЕУ.

 

Сепак, истакнува таа, прашана за позицијата на САД и можните peперкусии по членството во меѓународните организации и меѓународните односи, Преспанскиот договор ќе биде клучниот придонес за тие позитивни сигнали, а најавите за негова ревизија од страна на ВМРО-ДПМНЕ не треба да ги зaвeдyваат граѓаните во однос на тоа колку се pизикyва со таков процес.

Важно е да не се заборави дека добрососедските односи се предуслов за интеграција во евроатлантските институции, за членството во НАТО и ЕУ, вели Брнс.

„Ние знаеме дека Преспа беше компромис, имаше тешки преговори кои подразбираа отстапки од двете страни. Но, она што Преспа го направи е што конечно го откочи патот за Северна Македонија да стане НАТО сојузник и да го продолжи патот кон ЕУ“, вели амбасадорката.

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Уште поважно, според неа, е што Препанскиот договор ѝ помогна на Северна Македонија да се придвижи напред од позиција на стагнација во која не можеше да се развива политички и економски, со иста брзина како многу од своите соседи во поглед на ЕУ-интеграцијата.

„Затоа мислам дека е многу важно да се има на ум дека не само што ЕУ го препознава значењето на одржувањето добри односи со соседите како дел од изгледите на Северна Македонија за ЕУ, туку навистина се работи за иднината на оваа земја, за тоа дали лидерите ќе можат да обезбедат таков економски раст и можности, работни места, трговија, странски инвестиции, какви што би сакале да се реализираат“, вели амбасадорката.

Многу е важно да не се загpoзува оваа извонредна трансформација која се случува, порачува таа, потенцирајќи дека дури и магазинот „Економист“ на крајот на минатата година ја издвои Северна Македонија како најтрансформирана земја, главно поради решавањето на отворените прашања со соседите.

„Да се заштити таа трансформација, да се продолжи со движење напред и да не се загpoзат сите овие достигнувања со гледање наназад, е нешто што се надеваме дека луѓето ќе го сфатат многу сериозно“, истакна Брнс. Целото интервју погледнете го ТУКА.

- Реклама -