Британската морнарица во криза, закотвува воени бродови зашто доволно морнари

Во британската морнарица има толку малку морнари што постоечките воени бродови мора да бидат повлечени од употреба за да се пополни новата класа фрегати, пишува лондонскиот весник „Телеграф“.

Така, фрегатата „Вестминстер“, која неодамна беше реновирана, како и фрегатата „Аргил“ годинава ќе бидат повлечени од употреба.

Екипажот на овие бродови ќе биде испратен да работи на новите фрегати „Тип 26“.

Како што наведува весникот, сето ова се случува додека вооружените сили на Велика Британија се соочуваат со сериозна кадровска криза, а морнарицата се соочува со остар пад на приливот на регрути во службата.

Британското Министерство за одбрана нарача осум нови фрегати „Тип 26“, кои ќе станат најсовремени бродови за борба противподморнички воени бродови на британската морнарица. Сепак, првиот од овој тип брод, „Глазгов“ нема да биде во употреба до 2028 година.

- Реклама -