Британија: Судска постапка против малолетник на чекање затоа што мајката заминала на Ибица


Изрекувањето на пресудата за дванаесетгодишен изгредник во Велика Британија е одложено бидејќи неговата мајка отишла на одмор на Ибица.

Момчето се појави пред судијката за малолетници во Манчестер поради неговата вмешаност во безреијаа коишто избија низ Велика Британија по трагичното убиство на три девојчиња во Саутпорт на крајот на јули.

Во Англија децата се предмет на кривично гонење од десетгодишна возраст.

Судијката Џоан Хирст рече дека е „искрено изненадена“ што жената патувала на сонцето на пет дена, и покрај тоа што го знаела датумот на изрекувањето на пресудата.

Момчето било придружувано од неговиот вујко.

Дванаесетгодишното момче се изјасни за виновен по две обвиненија за насилство.

На 31 јули тој и група демонстранти нападнале автобус во Манчестер, а на 3 август се обидело да крши излози и фрлало предмети кон полициски автомобил. Тој се соочува со малолетнички затвор.

Судијката Хирст најави дека ќе побара објаснување од мајката на момчето и рече дека постапките на нејзината мајка ја влошиле сериозната ситуација.

„На момчињата како тебе им требаат нивните мајки во животот. Мене ми треба твојата мајка овде“, му рекла таа на обвинетиот.

На момчето сега ќе му биде изречена казна на 11 септември, а судијата нареди мајката да присуствува.

Десничарските екстремистички и антимуслимански немири во неколку британски градови се проширија низ земјата во деновите по убистото на три девојченца од 6 до 8 годишна возраст и ранување на уште неколку.Уапсени се повеќе од 1.000 лица, меѓу кои и многу малолетници.

Насилството беше поттикнато од лажните тврдења на социјалните мрежи дека напаѓачот бил барател на азил кој неодамна пристигнал со брод. Напаѓачот, на 18 години, е роден во Велика Британија, а неговите родители се од Руанда.

- Реклама -