Британците елиминирани од фудбалскиот турнир на Олимпијадата (видео)

Познати се сите полуфиналисти на олимпискиот фудбалски турнир. Борба за медалите изборија репрезентациите на Јапонија и Мексико, односно Бразил и Јужна Кореја.Домашната британска селекција на разочарувањето на навиивачите на стадионот „Милениум“ во Кардиф загуби од Јужна Кореја по ударите од белата точка.

По регуларните 90 минути и продолженијата резултатот беше 1:1, а тогаш по пенал шутевите Јужна Кореја победи со 5:4. Трагичари во селекцијата на Велика Британија беа фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Арон Ремзи и напаѓачот на Челзи – Даниел Стариџ.

Ремзи пропушти да погоди еден од двата пенали во текот на регуларниот дел, додека ударот на Стариџ во серијата пенали го одбрани резервниот голман Бумјонг Ли.

{youtube}ahYT_bat1OI{/youtube}

Во четвртфиналето Бразил, пак, славеше со 3:2 против Хондурас, Јапонија го совлада Египет со 3:0, додека Мексико дури по продолженијата со 4:2 триумфираше над репрезентацијата на Сенегал.

- Реклама -