Лето е, топло е, па ништо не освежува толку добро како студено пиво.
Но можете ли да го задржите на посакуваната температура? Благодарение на новиот изум тоа е сосема можно, а пенливата течност ќе остане ладна и во најголемата жештина.
Beer Freeze е чаша што самата се лади, бидејќи во неа има посебен разладувачки гел и гумена изолација, која ја чува нејзината содржина студена. Иако е направена за фановите на пивото, чашата спокојно може да се користи и за други ладни пијалоци, погодни за летните горештини како безалкохолни, свежо цедени сокови и др.
Цената на Beer Freeze е 17 фунти.