Данило Брестовац повеќе не е селектор на македонската машка ракометна репрезентација. Тој и Ракометната Федерација на Македонија денеска (26 јануари 2021) взаемно се спогодиле да ја прекинат соработката, информираат од РФМ.
Брестовац ја извршуваше оваа функција од јуни 2019 година. Неговата смена доаѓа по лошиот резултат на последното Светско првенство во Египет, на кое Македонија заврши на 23-тото место од вкупно 32 репрезентации, односно претпоследна во главната фаза. Во главната фаза, зад нас е само дебитантот Уругвај, кои без ниту една победа ја минаа првата фаза само затоа што селекцијата на Зеленорските острови беше досквалификувана поради позитивни случаи на ковид.
Во шесте настапи на првенството, Македонија го победи единствено Чиле, а на преостанатите пет натпревари кои завршија со порази, постигна 106, а прими дури 163 гола.