Бразилец намерно добил црвен картон поради облог


Бруно Енрике, напаѓачот на Фламенго, најпопуларниот бразилски фудбалски клуб, беше цел на полициска операција во вторникот поради сомневање за местење облози во бразилската прва лига.

Триесет итригодишниот, Енрике кој има и два настапа за националниот тим на Бразил и настапуваше за германскиот бундеслигаш Волфсбург, е осомничен дека намерно добил црвен картон во полза на облозите на блиски луѓе.

Извршени се 12 претреси во Рио де Жанеиро и неколку градови во Минас Жераис, родната држава на Бруно Енрике, за време на операцијата во која биел мобилизирани повеќе од 50 полицајци и членови на Специјалната безбедносна група за борба против организираниот криминал (Gaeko), орган на бразилското јавно обвинителство.

Во поразот на Фламенго на домашен терен од Сантос (2:1) во ноември 2023 година, напаѓачот намерно скривил прекршок за жолт картон на самиот крај од натпреварот, а потоа бил исклучен поради напад на судијата.

Според Федералната полиција (PF), податоците добиени од обложувалниците покажуваат дека сомнителни облози биле ставени од членови на семејството на играчот и друга група под истрага. Неколку бразилски медиуми пишуваат дека брат, снаа и братучетка на Бруно Енрике отвориле сметки во обложувалници на денот на натпреварот против Сантос и се обложиле на црвен картон на напаѓачот.

Фламенго, клуб од Рио де Жанеиро, уверуваше дека играчот ја има „целата доверба“, ветувајќи дека ќе соработува со властите. Во последниве години во Бразил избија неколку скандали со наместени обложувања, а во септември 2023 година ФИФА ја продолжи санкцијата на меѓународно ниво за 11 играчи суспендирани од бразилската федерација.

Формирана е парламентарна истражна комисија за да го разгледа случајот, а нејзиниот претседател, сенаторот Хорхе Кајру, во вторникот рече дека Бруно Енрике ќе биде повикан да ги објасни овие „сериозни“ сомнежи.

Бразилскиот интернационалец Лукас Пакета, кој настапува за лондонскиот клуб Вест Хем, треба да биде сослушан во декември пред оваа комисија за слична работа со Енрике, која ја истражува англиската Премиер лига.

- Реклама -