Бразил ја потопи Кина со 8:0 (видео)

Репрезентативците на Бразил покажаа фантастична игра и славеа со преубедливи 8:0 на пријателскиот натпревар што го одиграа со селекцијата на Кина, којашто го претрпе својот најтежок пораз во последните дваесет години.

„Кариоките“ цели дваесет минути се мачеа да го најдат патот до мрежата на Кинезите, но откако Рамиреш го постигна првиот погодок можеше да се проследи вистинско гол-шоу за околу 50.000 бразилски навивачи.

{youtube}0eH1m8JA7Ew{/youtube}

Во главна улога беше Нејмар, кој постигна хет-трик, по еднаш мрежата на противникот ја затресоа и Оскар, Лукаш Моура и Хулк, а со неспретна интервенција автогол си постигна кинескиот дефанзивец Лиу.

- Реклама -