Порано кога на празници се собиравме со блиски, имавме доволно време и да си се расприкажеме за сето пропуштено, но и да тепаме време со друштвени игри. Едно од најголемите задоволства во ова второво беше да им ги гледаш фаците на тие што губат.
Денес друго е. Ќе изиграат децава партија Фифа онлајн, едното ќе победи, другото ќе му пише „нуб“, „на среќа“„ „педерски“ и слично, и готово е.
За тие што ја контаат тет-а-тет носталгијата, има едно типче на интернет под прекар IdiotSavant. На секој Ден на благодарноста со братучетка му играат Checkers (по нашки еден вид на „Дама“). Братучетка му секогаш губи. Од 2009 наваму, секоја година IdiotSavant ја документира. Еве ги фаците што ужасно ни фалат, почнувајќи од 2009-та: