Бостон гo прегази Далас за рекордната титула во НБА


Бостон Селтикс ја освоија рекордната 18. шампионска титула во НБА лигата, откако синоќа во петтиот натпревар од финалето на домашен терен уверливо ги совладаа Далас Маверикс со 106:88 и на тој начин ја добија финалната серија со резултат 4-1.

Џејсон Тејтум беше најдобриот поединец на Бостон со 31 поен, 11 асистенции и осум скока. Џејлен Браун додаде 21 поен, осум скока и шест асистенции за Бостон, кој ја прослави 16-годишнината од својата 17-та титула со комплетирање на серијата од плејофот од 16-3.

Селтикс го исфрлија Лос Анџелес Лејкерс во финалето во 2008 година, а тие две франшизи го држеа рекордот во НБА со 17 шампионски титули до утрово.

Браун беше избран за МВП на финалето и ја освои наградата именувана по легендата на Селтикс, Бил Расел. Тој имаше просек од 20,8 поени, 5,4 скока и пет асистенции по натпревар. Џру Холидеј постигна 15 поени со 11 скока, а Дерик Вајт додаде 14 поени.

„Го направивме ова заедно. Се надевам дека кога луѓето не гледаат како играме, ќе ја видат радоста со која играме, дека сакаме да играме заедно и дека успеавме заедно. Чувствувам дека тоа е најважното нешто“, рече Холидеј.

Лука Дончиќ беше најдобар кај Маверикс со 28 поени и 12 скока, но имаше седум загубени топки. Кајри Ирвинг натпреварот го заврши со 15 поени и девет асистенции, додека Џош Грин додаде 14 поени.

Сепак, Дончиќ е убеден дека најдобрите денови на Маверикс се пред нив.

„Се чувствувам одлично. Направивме одлични потези. Би рекол дека сме заедно пет месеци. Горд сум на секој човек кој стапна на паркетот, на сите тренери, на сите луѓе зад нас“, изјави Дончиќ зборувајќи за промените во тимот. .

Откако Далас повика тајмаут на 3,11 до крајот на втората четвртина, со заостанување од 11 поени, Бостон целосно го скрши натпреварот. Селтикс постигнаа 17 од следните 24 поени, од кои шест беа дело на Браун. Пејтон Причард погоди „тројка“ од половина терен на крајот од втората четвртина, а Бостон на паузаат заминаа со предност од 21 поен (67:46).

Плагањто на Холидеј го зголеми водството на Селтикс на 78:52 на нешто повеќе од девет минути до крајот на третата четвртина. Потоа Маверикс тргнаа во серија 10:2 за да стигнат до 80:62. Далас подоцна ја намали негативата на 17 поени, но Бостон повторно постигна 86:67 во последната четвртина. Селтикс го задржаа водството и на крајот победија со 18 разлика.

- Реклама -