„Ви благодарам за поздравот! Во овие нималку лесни времиња важно е да се поддржуваме! Исто како што низ годините ние секогаш го правевме тоа за нашиот прв и најблизок сосед!“, им одговори премиерот на Бугарија – Бојко Борисов, на Драган Спасов Дац и Александар Митевски, откако тие му испратија поздрав со бугарска љубовна песна и порака дека првите комшии секогаш се незаменливи.
„И токму зашто сме најблиски, не треба да допуштаме да се оддалечиме. Пријателството меѓу нас е силно. А најсилните врски се и најемотивни. Но тоа не значи дека треба да ги прекршуваме ветувањата и да се навредуваме. Како пријатели треба да сме искрени еден кон друг. Така ќе продолжиме напред. Ако се инаетиме, проблемите ќе останат. Решението е дијалог, солидарност, разбирање. За едно подобро утре!“, порачува Борисов.
„Ние сме подготвени да ви помогнеме. Сакаме да го видиме истото и кај нашите соседи и пријатели“, додава тој.