Борел: Русија ќе продолжи да постои, ќе биде тешко но мораме да комуницираме со Русите

Париз, 13 јуни 2022 (МИА) – Европа ќе мора да коегзистира со Русија по завршувањето на конфликтот во Украина, затоа мора да се вложат сите напори за одржување на дијалогот со Москва, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел за денешното издание на францускиот „Журнал де диманш“.

„Русија ќе продолжи да постои и важно е јасно да дефинираме како мислиме да живееме со неа. Ќе биде многу тешко, но мораме да комуницираме со Русите. Неопходно е да се продолжат разговорите со Москва“, изјави Борел.

Тој, исто така, укажа на важноста на отворените канали за комуникација со Русија, потсетувајќи на патувањата на австрискиот канцелар Карл Нехамер во Москва во април, како и на претседателот на Африканската унија, Маки Сал, во Сочи на почетокот на јуни.

Прочитајте и:  Руски борбени авиони, НАТО системи, американски хотели... Специјалните барања на Путин ја одложуваат неговата посета на Турција

Борел изјави дека двајца претставници на генералниот секретар на ОН се во Русија, кои се обидуваат да го решат проблемот со извозот на украинското жито.

- Реклама -