Во Колумбија викендов се одржа фестивалот „Томатина“, каде меѓу другите активности, се случуваше и борба со домати.
Илјадници фармери и туристи во регионот Бојак во Колумбија, кој е познат по одгледувањето домати, присуствуваа на фестивалот и го прославија крајот на бербата на домати.
Иако борбата со овој зеленчук е главната активност на фестивалот, тој опфатил други содржини, како голем број игри и натпревари во брзо јадење, а биле изложени и уметнички дела направени од домати.
Организаторот Ејнер Суарез изјавил дека за потребите на фестивалот биле потрошени околу 18 тони домати, а ги употребувале само зеленчуците од бербата што не биле добри за јадење.
По тепачката со домати, пожарникарски екипи ги избањале сите учесници, за да може да продолжат со другите фестивалски активности.