Кајл Мајнард е роден без раце под лактите и без нозе под колената. Но и покрај ваквата состојба, се занимава со спорт целиот свој живот. Средното училиште го завршил со импресивни 35 победи и 16 порази во боречките мечеви. За еден ден, тој треба да настапи во првиот свој меч од аматерската лига ММА. Но, постојат луѓе кои се обидуваат да го запрат.
Кајл Мајнард е роден без раце под лактите и без нозе под колената. Но и
покрај ваквата состојба, се занимава со спорт целиот свој живот.
Средното училиште го завршил со импресивни 35 победи и 16 порази во
боречките мечеви. За еден ден, тој треба да настапи во првиот свој меч
од аматерската лига ММА. Но, постојат луѓе кои се обидуваат да го
запрат.
Како во случајот со Оскар Писториус, така и овде, плашејќи се од она што е различно, дел од официјалните лица на ММА лигата (лига на мешани боречки вештини) тврдат дека кафезот во кој се одвиваат борбите не е место за човек кој не е еднаков со останатите борачи, зашто тој би можел да биде повреден. Сепак, Кајл не се предал толку лесно (што е прилично очигледно од неговата силна волја) и од 2005 наваму поднесува жалби и апликации за прием во лигата. Најпосле, една од нив беше прифатена и тој ќе го има своето деби на 25 април 2009 година. Во меѓувреме, погледнете една од средношколските победи на Мајнард, во помалку од 3 минути:
[Congenital amputee Kyle Maynard’s long road to Saturday’s MMA debut]