Базата „Отворени финансии“, преку која Министерството за финансии завчера ги објави сите буџетски трошоци од 2010 година наваму, ги извади на виделина и долго криените бонуси кои покрај редовната плата ги добивале обвинителите и вработените во СЈО, предводени од нивната шефица Катица Јанева, која лично ја одредувала висината на исплатите. И има што да се види: Ако според „Лајкин индикаторите“ и податоците од Државниот завод за статистика (кои неодамна на ТВ ги цитираше министерката Мила Царовска) 17.000 денари се доволни едно четиричлено семејство да го пpeживее месецот, тогаш само со бонусот на само еден од обвинителите од соработниците на Јанева, месечно можат да преживеат речиси 10 четиричлени семејства.
Како што објави „Призма“, Јанева 22 месеци во низа си доделувала по околу 4.000 евра, односно по 250.000 денари месечно. Само годинава, Јанева лaпнaла 28.455 евра покрај платата, пишува „Телма“. Поскромни, но не и скромни, биле сумите што ги добивале и останатите обвинители.
Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска, Бурим Рустеми, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова, Љубомир Лапе, Гаврил Бубески, Артан Ајро, Стефчо Донев и Трајче Пеливанов само годинава земале по дополнителни 17.000 евра, односно по 150.000 денари за секој од овие 7 месеци во 2019-та, од кои најголем дел на име „додаток за доверливост“, т.е. додаток предвиден со Законот за СЈО за да не ги откриваат содржините на „бомбите“ до кои имале пристап. Највисоките бонуси достигнувале и до 180.000 денари, пишува „Телма“.
Дополнителни средства добивале и соработниците, административците и советниците во СЈО. Нивниот износ се движел од 30.000 до 60.000 денари.