Јанева касирала бонуси од 4.000 евра месечно, висината сама ја одредувала

СПОДЕЛЕТЕ

Базата „Отворени финансии“, преку која Министерството за финансии завчера ги објави сите буџетски трошоци од 2010 година наваму, ги извади на виделина и бонусите кои покрај редовната плата ги добивала Катица Јанева како шефица на СЈО, пишува порталот за истражувачко новинарство – „Призма“.

Според нивното истражување, Јанева земала вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата, од кои најголем дел на име додаток за доверливост, односно надоместок предвиден во Законот за СЈО за да не открива што чула во „бомбите“. Останатиот дел се надоместоци за тоа што работела надвор од местото на живеење, како и за кирија, за која јавноста и претходно беше известена.

Според истражувањето на „Призма“, додатокот за „доверливост“ (за чија висина, според нивните информации, одлучувала лично Јанева со посебна одлука) на „специјалната“ варирал и се зголемувал во текот на годините на работење на СЈО, достигнувајќи 4.000 евра. Оваа сума, поточно 250.000 денари, Јанева ја земала константно во периодот од октомври 2017 па сѐ до јули годинава.

Иако парите не се исплаќале на редовен временски интервал, Јанева добила вкупно 46 исплати, што соодветствува со бројот на месеци колку што беше шефица на СЈО. Освен овие, Јанева добивала исплати и за „други оперативни расходи“. Детали прочитајте ТУКА.

 

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ