„Бомба“ во НБА: Харден ќе се врати во Хјустон?

Американскиот кошаркар Џејмс Харден сака следното лето да се врати во Хјустон рокетс доколку претходно не постигне договор со Филаделфија.

Новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски објави дека Харден сериозно размислува завраќање во Хјустон, а наскоро се очекува да почнат преговори меѓу двете страни.

Харден претходно потпиша двегодишен договор со Филаделфија и сам ќе бира дали 2023/24 ќе ја почне во нова екипа.

Американецот играше за Хјустон од 2012 до 2021 година, по што замина во Бруклин нетс, каде што не се прослави, па реши да се пресели во Филаделфија.

- Реклама -