„Бомба“: Реал Мадрид договора трансфер од Баерн Минхен

Шпанскиот медиум „АС“ објави дека европскиот првак Реал Мадрид во следниот период ќе ги интензивира преговорите со 22-годишниот Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен.

Дејвис досега настапи на 134 меча за баварскиот гигант и освои 12 трофеи, додека во дресот на репрезентацијата на Канада има 36 настапи и 13 голови.

Репрезентативецот на Канада има големо искуство и договор со Баерн до 2025 година, но „кралевите“ ќе се обидат да го договорат неговиот трансфер една година подоцна, односно во 2024 година.

„Кралевите“ се подготвуваат за промена на генерацијата, а веќе од екипата си заминаа фудбалери како Марсело, Касемиро и Серхио Рамос.

- Реклама -