Многу британски болници воведоа зони во кои ракувањето е забрането. Експертите бараат примерот да го следат и другите болници.
Се разбира, во суштина на целиов муабет се бактериите и нивното пренесување, кое далеку полесно се одвива преку обично ракување отколку при допир на тупаниците. Тоа го докажа и педијатарот Марк Склански од Лос Анџелес, по што ракувањето беше забрането на неонаталните оддели во две градски болници. На неговите сознанија се надоврзува и др. Дејв Витворт. Според него, голем број од болничките инфекции настануваат баш така – преку ракувањето.
„Ако често користам мобилен или таблет, и често ја отварам вратата, знам дека рацете ми се полни со бактерии и морам да внимавам и често да ги мијам… Во болницата правиме сé за да ги минимизираме инфекциите, а забраната за ракување е најлесниот начин“, вели Склански.
Витворт се согласува и со ова, дека ракувањето во болниците треба да се забрани, макар и чисто како потсетник кој ќе привлече внимание на проблемот со инфекции.
Како алтернатива, се предлага fist bump – поздравување со тупаница. Ем побезбедно, ем подругарски.