Болната историја на пластичната хирургија

7c0804cb4f93e6463d3027a99bbc64e8[1]

Пластичната хирургија денес е огромен бизнис кој по правило се доживува како исклучиво производ на модерното време. Но, нејзината историска приказна во Европа почнува уште во 16-тиот век. Од друга страна, во санскритскиот текст „Sushruta Samhita“ се наведува дека брилијантниот индиски хирург Сухрута такви операции изведувал уште во 800-тите години пред нашата ера.

Дури и од денешна перспектива, методот на реизградба на нос, на пример, на Сухрута – е потполно импресивен. Во својот медицински прирачник тој детално има опишано како од челото на пациентот отсекувал парчиња кожа по мерка на носот, како ја пришивал на местото на неговото место, притоа оставајќи мало парче кожа при врвот, со цел да продолжи хранењето на клетките преку крвните садови, сé додека сé тоа заедно не зарасне.

Сухрута ги опишал и хируршките инструменти кои за таквите интервенции му биле потребни, зборувал и за антисептички средства, зборувал дури и за тоа како се произведуваат конци за таквите операции, со цел да не останат лузни. Судејќи по историските документи, во сето тоа Сухрута бил и зачудувачки многу успешен. Многу слични елементи во постапките има и во споменатите описи на пластичната хирургија кои се дело на британскиот бричач-хирург од 16-от век, наведува историчарката Маргарет Пелинг, според Independent.

eb7580307fba4a474b7b2f5c956ed708[1]

Во неговите списи исто така се зборува за отсекување на кожа од челото, дури и од надлактиците, но така што да се остави дел од кожата кој не е отсечен, за да опстанат жилите и капиларите кои му овозможуваат на тој дел од носот да зарасне, па дури потоа да биде отсечено и тоа делче. Во тоа време, на такви операции биле подложени пациентите кои, на пример, го имале изгубено носот како последица на сифилис, кои имале изгубено дел од лицето во некоја битка или кои претрпеле некаква друга сериозна деформација.

Таквите постапки детално се опишани во медицинскиот прирачник од 1841 година – „Iconografia d’anatomia“, но Европјаните ретко се подложувале на слични операции, бидејќи тоа било крајно болно и опасно по живот. За разлика од древните методи на индискиот доктор Сухрута, кој наведувал и методи на анестезија, западњаците првата безболна операција ја извршиле дури во 1846 година, кога американскиот стоматолог Вилијам Мортон го открил етерот во медицината. Ама и од премногу етер се умирало. Првите стерилни операции низ Франција, Германија, Австрија и Италија ги извршил англискиот хирург Џозеф Листер, и тоа дури во 1880-тата.

3ce11ec1da010752dc43f59d884a838f[1]

Со други зборови, на западниот свет му требаа околу 2700 години за на полето на естетската хирургија, па и хирургијата воопшто, да стигне на нивото на индиската ајурведска медицина, барем ако се верува на старите записи. Но, Западот од тогаш направи огромни чекори. Веќе во 1901 година, во англискиот магазин “World of dress”, Derma Featural Company рекламираше корекциски операции на носот, ушите и брчките. Не дека и тогаш сé одеше по планот: доаѓаше до истекување на парафинскиот восок, кој го користеа во ринопластиката, во други делови од лицето, а имаше и бројни случаи во кои по неговата употреба се појавуваше рак.

Паралелно, почнаа и да се отстрануваат „вреќичките“ под очите, подбрадоците и слично. Во огласите се среќаваа и крајно незгодни културолошки трагови од времето. На пример, се огласуваа методи за корекција на „грдите“ гради, уши и носови, а се нудеа и корекции за деловите од телото „кои не изгледаат како да се белечки“ (за потемните делови). Вака или така, медицината напредуваше, па американскиот оториноларинголог Џон Орландо, кон крајот на векот веќе имаше метода на корекција на носот со внатрешни операции, за да избегне лузни.

surgery

Зголемувањето на градите е откриено во 1950-тите, бидејќи дотогаш големите гради се сметаа за „расно примитивни“. Во 2015-та, само во САД, градите ги зголемиле 627.165 жени т.е. една на секои 250 жени. Во почетокот на 20-от век, воглавно се извршувале процедури за намалување на градите.

Најголемиот замав пластичната/корекционата хирургија го достигнува за време на големите војни, особено Првата светска војна (за тогашен пионер во полето се смета новозеландскиот хирург Харолд Гилис). Статистиките денес велат дека во 90% од случаите, пациентите кои се подложувале на пластични хируршки зафати биле мажи.

Прочитајте и: КАКО ОПЕРИРАШЕ „ТАТКОТО НА ПЛАСТИЧНАТА ХИРУРГИЈА“
- Реклама -