Кажи ми каков си, за да ти кажам какви здравствени проблеми имаш! Навистина е можно на овој начин да се погоди за нечие здравје. Еве како …
Психолозите се убедени дека во голема мера физичкото здравје зависи од менталната состојба и тоа какви емоции се својствени за вас. Или поинаку кажано може да се искористи слоганот за здравото тело и здравиот дух . Кога сте подложени на негативни емоции, тоа неминовно се одразува на здравствената состојба, а болестите кои произлегуваат од овој факт ги нарекуваме психосоматски.
Така, на пример, стравот често предизвикува болки во бубрезите, гневот води до проблеми со црниот дроб, луѓето со силна желба да владеат над другите обично се хипертензивни, болките во половината и грбот се резултат на перцепцијата на животот како товар и претставата дека вие треба да сте нечиј штит во животот.
Алергиите пак често се должат на недостаток на емоционална самоконтрола, агресијата и критичноста можат да доведат до заболувања на зглобовите, настинката пак често е резултат на слаб имунитет и недостаток на позитивни емоции, луѓето кои страдаат од напропорционална тежина, често премногу се преиспитуваат и имаат и слаба психа.
Емоциите, мислите и однесувањето често стојат и во основата на болести како дијабетес, стомачни проблеми, егзема, срцеви заболувања, чир.
Видови карактер и соодветните болести
Хипократ ги дели луѓето на четири типа според ликот – флегматик, холерик, меланхолик и сангвиник.
- Флегматик – не емоционален, слабо подвижен, трпелив, избалансиран, тешко приспособување кон непознато место и луѓе, асоцијален, конзервативен и тешко ги менува своите навики.Флегматиците често имаат стомачни проблеми, заболувања на зглобовите, астма, лоша циркулација, бубрежни заболувања.
- Холерик – нестрплив, неурамнотежен, силно се фаќајќа за одредена идеја или цел и тешко се преориентира кон нова таква. Холериците често страдаат од болести на гастроинтестиналниот тракт (чир, гастритис, колитис и сл), кардиоваскуларни болести, забни проблеми, неврози.
- Меланхолик – чувствителен, тивок, слабо емоционален, спор, уморен. Меланхолиците често страдаат од вирусни заболувања, депресија, проблеми со килограмите, имаат слаб имунолошки систем, нарушена размена на материите, слаби капилари, проширени вени, респираторни проблеми, хемороиди, болести на нервниот систем.
- Сангвиник – жив, енергичен, емоционален, љубопитен, сака да искусува нови работи, експресивен и можност за брза редирекција, дисциплиниран, комуникативен, флексибилен, се приспособува, ги менува своите навики при потреба, избалансиран. Сангвиниците често страдаат од несоница, проблеми со крвниот притисок, тешко згрутчување на крвта, мигрена, болки во мускулите.