Боки 13 на количка изнесен од Обвинителството

Во придружба на затворската полиција од Истражниот затвор во Шутка, Бојан Јовановски денеска, неколку минути по 12 часот, беше донесен во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за да даде исказ за случајот „Рекет“, во кој тој е првообвинет. Како што пренесува „ТВ21“, повикувајќи се на екипата на терен, Боки 13 пристигнал во видно лоша здравствена состојба (видео ТУКА).

Во меѓувреме, само 10-тина минути откако Јовановски влегол во Обвинителството, пред зградата се паркирало возило на Итната помош, објави „САКАМДАКАЖАМ.мк“. Како што пренесува порталот, докторите со трчање се упатиле кон вториот кат на зградата (на Апелациониот суд), каде што се наоѓа токму Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

По околу половина час, Бојан во количка бил изнесен од зградата и внесен во амбулантното возило (видео на „ТВ21“) кое се упатило кон Клиничкиот центар, следено од полициското комбе со кое Боки 13 бил донесен во Обвинителството.

Според неговиот адвокат – Сашо Дуковски, неговата состојба била толку лоша што не ни почнал да дава исказ. Тој вели дека уште кога дошол начекал гpда сцена и го нашол Боки 13 како повpaќа во тоалетот. „Се случи тоа што се случува последните 40-50 дена додека е тој во притвор“, вели тој, раскажувајќи дека на Боки му се cлoшилo пред обвинителката Русковска и почнал да повpaќа, по што паднал во бecoзнание и бил неконтактибилен.

„Тој воопшто не почна да дава исказ. Едно е кривичната оостапка, сосема друго е право на живот. Толку имам да кажам“, објаснил Дуковски, пренесува „СДК“.

Инаку, денес е крајниот рок кога Боки 13 може да даде исказ за истрагата. Понатаму ќе следува обвинение.

- Реклама -