Бохо детали: Најевтин начин да го надополните стилот

Додаваме и дека е најдобриот начин, бидејќи никој нема да може да одолее на женствениот и шарен бохо стил.
Години наназад, бохо стилот ги освојува модните писти, а летото е најдобро време за „да прошетате“ некои шарени детали или фустан на плажа или низ улиците на градот. Бохо стилот е инспириран од седумдесетите години на минатиот век, а е наменет за сите оние кои сакаат опуштен начин на живот и облекување.

Најпрепознатлив е по долгите, лелеави фустани, панталони, но и туники со мешавина на етно или џипси детали. Идеален е за еден работен стајлинг, а уште подобар е за жешките летни вечери. Многу е практичен, бидејќи можете да извоите победа, пребарувајќи по бабините ормани стари фустани и кошули.

Обичниот бел фустан надополнете го со шарени бохо алки и ланчиња, па нема да ви недостасува шик ефект.

1

Шарените бохо шорцеви со обична бела маица и тиркизно ланче се уште еден практичен начин да носите бохо во својата лежерна варојанта.

2

Можете да направите и сами чанта со геометриски облици и шари.

3

Неопходни се и големите бохо прстени. Колку повеќе, толку подобро.

4

 

Бидете бохо и на плажа…

5

Шарениот макси фустан е најдобар избор за бохо стилот.

6

- Реклама -