Ако некогаш сте се запрашале што да му купите на светски лидер кој има сè, Boeing има совршен одговор.
Компанијата штотуку го претстави својот прв 747 Aeroloft кој има посебна кабина за спиење која собира осум луѓе. Иновацијата додава околу 37 метри квадратни во Boeing Business Jet 747-8, кој веќе беше создаден како уникатен луксузен авион.
Aeroloft има осум кревети како и соба за облекување. Новитетот е наменет да им даде на патниците удобност и простор за одмарање на долги летови околу светот. Кабината за спиење е сместена над главната кабина. Првиот авион опремен со Aeroloft кабина полетал од Boeing Global Transport & Executive Systems во Вичита, Канзас минатата недела.
Авионот се упатил кон Lufthansa Technik аеродромот во Хамбург, Германија каде што ќе бидат инсталирани уште по голем луксуз. Уште два 747 Aeroloft се нарачани и ќе бидат доставени до крајот на оваа година. Модификациите го зголемуваат внатрешниот простор во авионот на околу 480 метри квадратни, повеќе од просторот достабен во масивните Airbus A380.
Boeing не ја открива цената но типичниот 747-8 авион без луксузните додатоци чини 350 милиони долари. Девет држави веќе ги нарачале модифицираните авиони за своите претседатели. [Boeing installs first Aeroloft sleeping area]