Целта на СДСМ е да го слушне гласот на граѓаните за подобро да ги развива политиките и да овозможи побрз раст и развој – истакна на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Дебар, министерот за транспорт и врски – Благој Бочварски.
„Продолжуваме по патот на развојот и не застануваме овде, доаѓајќи наваму видов дека булеварот во Дебар е веќе направен, целосна инвестиција на оваа Влада, а реализирана преку ‘Македонија пат’, нешто што сами ќе посведочите дека не било допрено со години“, наведе, меѓу другото, Бочварски.
Тој посочи и дека на патот кон Дебар, еден од клучните патни правци во државата, меѓу Маврови Анови и Жировница, патен правец кој, како што рече, од неговата изградба до денес не бил рехабилитиран, а денеска темелно се рехабилитира со инвестиција од над 6 милиони денари.
„Се поправаат мостовите кои буквално беа пред рушење, токму затоа решивме наместо во споменици да инвестираме во патишта. На тој начин ќе го задржиме населението овде, за да го направиме животот полесен и подобар, за да можеме да донесеме инвестиции. Знаете дека за бизнис заедницата особено е важна патната инфраструктура. Странците и граѓаните од дијаспората нема да сакаат да се вратат ако постојано ги разочаруваме“, посочи Бочварски.
Тој истакна дека рехабилитиран е и патот кон Лазарополе до Гарски мост, а се планира рехабилитиација и на патот од Извор до Гарски мост кон Кичево.
„И не застануваме овде. И кога ќе нѐ прашаат од ВМРО-ДПМНЕ ‘што направивте за четири години’, ние за тие години изградивме и рехабилитиравме патишта преку 1.000 километри, за разлика од вас што за 11 години изградивте и рехабилитиравте само 650 км патишта“, рече Бочварски.