Поранешниот македонски репрезентативец, Бо Мекејлеб најверојатно ќе биде дел од составот на Њу Орлеанс Пеликанс.
Инаку, Бо е во интензивни преговори со клубот, па се очекува во наредниве неколку дена и да го стави конечниот потпис и да го отствари неговиот сон. Со оглед на фактот дека оваа година Мекејлеб и нема некој голем избор, оваа варијанта, и тоа како ќе му одговара.
Бо во Њу Орлеанс Пеликанс би го заменил Норис Кол кој ќе паузира налмаку 6 месеци поради заработената повреда.
Да се надеваме дека преговорите ќе имаат среќен крај, а Бо ќе го заработи и местото во првиот состав.