Шармантната Сара Џесика Паркер веќе може да се пофали не само со успешната кариера, љубовта и семејството, туку и со сопствена линија на модни додатоци. Ефектните и истовремено неверојатно стилски модели на чевли и чанти се дел од првата модна колекција на актерката, која ги носи нејзините иницијали – SJP . За нивното создавање Паркер соработува со долгогодишниот директор на Маноло Бланик – Џорџ Малкемус, а резултатот од соработката меѓу двајцата е една колекција, асоцијација со градскиот шик и класично емитување. Во колекцијата од потпетици можат да се видат смели комбинации на бои, шик модели, инспирирани од Кери Бредшо, како и неколку пониски минималистички пара.
Во модната линија на Сара е вклучен и еден специјален пар црни чевли кои го акцентираат центарот на стапалото. Тие се инспирирани од модел на Маноло Бланик, кој го носи името „Дијана”, а во една од епизодите на “Сексот и градот” Кери ги опишува како урбан мит”.