Втората генерација на BMW X3 (фабрички индекс F25) се појави точно пред две години на салонот во Париз и сѐ уште се смета за нов и свеж модел. Сепак, следејќи го примерот на конкурентите Audi Q5 и Mercedes-Benz GLK, Баварскиот X3 исто така се подготвува за фејслифтинг.
Доказ за ова се шпионските фотографии на возилото, кое треба да се појави на пазарот следната година. Тој ќе се разликува со преработен преден браник со неколку промени во вшмукувачите за воздухот, како и со светлосниот состав во кој се вградени магленки.
Промени ќе има и во задниот дел, каде светлата во новиот браник ќе бидат преместени пониско. На фотографиите тие се закачени само привремено, но се очекува да останат на истото место и во фабричката верзија.
Што се однесува до моторите, таму исто така ќе има промени, но точно какви ќе бидат, останува да дознаеме. Се очекува следниот X3 да биде опремен и со новиот 1,5 литарски трицилиндерски мотор на BMW.
Во кросоверот ќе се вградува најмоќната верзија, со 181 КС и 330 Nm вртежен момент. Освен тоа, машината ќе добие и 3,0 литарскиот турбо дизел со три турбини мотор, со моќност од 381 КС и вртежен момент од 740 Nm.
Објавено во соработка со Авто Плус.