BMW 4 и без покрив

Кабриолет верзијата BMW 4, која веќе беше снимена за време на тестовите со кренат покрив, ќе дебитира пред публиката на салонот во Лос Анџелес во ноември.

На интернет просторот се појавија шпиунски фотографии на предсерискиот прототип со спуштен покрив, кој е поделен на 3 секции и се прибира зад вториот ред седишта. Според некои медиуми, кои успеаја да го „фатат на дело“ овој прототип, механизмот е лесен и затоа овој процес го извршува доста побрзо.

Освен тоа шасијата и конструкцијата, како што истакнаа и од компанијата за овој модел се преработени, што ќе му овозможи на кабриолетот да биде околу 50 килограми полесен од својот претходник – отворената верзија на BMW 3. Тежината на модификација е вкупно 1.770 килограми, што сепак ја надминува онаа на каросерија на BMW 435i, што е околу 1.600 kg.

689_bmw-4-470-1

Како и досега, кабриолетот нема да се нуди со системот за погон на четири тркала xDrive. За модификација Convertible се предвидени 2.0 и 3.0-литарски бензински турбо мотори со моќност од 245 и 306 КЅ, како и 2.0 турбо-дизел со 184 КЅ. Во подоцнежна фаза ќе излезат и послаби верзии – дизел (318d) со моќност од 143 КЅ и бензински 2.0 литарски агрегат со моќност од 184 КЅ. За кабриолетите со послаби мотори се предвидени 6-брзински мануелни или 8-степен автоматски менувач. Додека кај моќните ќе има 8-брзински автоматски, како и 7-степена трансмисија со двојна спојка преземена од спортските модели на марката.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -